Skip to main content

Косаркоска: Ќе воведеме задолжителни средби на градоначалникот со граѓаните, локална подеднаква за сите

Воведениот нов модел на отворена и услужна Локална самоуправа која подеднакво е посветена на сите граѓани е потврда дека Константин Георгиески е човек од народот, кажа на денешната прес конференција проф.д-р Деса Косаркоска, кандидатка за советник од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ.

 |   | 

Воведениот нов модел на отворена и услужна Локална самоуправа која подеднакво е посветена на сите граѓани е потврда дека Константин Георгиески е човек од народот, кажа на денешната прес конференција проф.д-р Деса Косаркоска, кандидатка за советник од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ. Косаркоска најави дека во иднина планираат Градоначалникот, Советот и општинската администрација да бидат уште подостапни за граѓаните и нивните потреби.

Воведуваме задолжителени редовни средби, секоја последна сабота во месецот, помеѓу градоначалникот и граѓаните. Воведуваме систем на побрза и полесна комуникација со градоначалникот и Советот на Општината, преку дигитални системи и алатки, како и преку социјалните мрежи. Воведуваме современа дигитализација која е средство за забрзана трансформација на администрација која е јавно отчетна, ефикасна и која ги поттикнува граѓаните да учествуваат во процесите на планирање и одлучување.“ – истакна Косаркоска.

Дигитализацијата се однесува и на достапност на документи во дигитална форма, поголема онлајн достапност до сите информации и до зголемување на бројот на дигитални општински услуги, напомена Косаркоска. Најави и унапредување на проектите „Пријави проблем“ и „Ваш реонски општинар“ преку кои граѓаните можат да се обратат за било каква потреба во општината.

За нас граѓанскиот сектор е рамноправен партнер во демократскиот, политичкиот и социјалниот развој. Обезбедуваме услови за развој на граѓанското општество, услови за вклучување на засегнатите граѓани во сите релевантни теми за локалниот развој и имплементација на локални политики – додава Косаркоска.

Како коалиција нудиме реална програма и остварливи проекти посветени на сите граѓани, порача Косаркоска и ги повика своите сограѓани да го заокружат бројот 12, за Константин Георгиески за градоначалник и за силно мнозинство во општинскиот совет.