Skip to main content

Јанез Јанша приведен на информативен разговор

Поранешниот словенечки премиер и лидер на опозицијата Јанез Јанша денеска треба да се јави во полиција на информативен разговор, под сомневање дека издавал тајни податоци.

 |  Крсте Голабовски  | 
Janez Jansha
Јанез Јанша
Поранешниот словенечки премиер и лидер на опозицијата Јанез Јанша денеска треба да се јави во полиција на информативен разговор, под сомневање дека издавал тајни податоци.

Доколку Јанша не се јави сам во полицијата во Љубљана, може да биде приведен.

Janez JanshaЈанша, како што јавија словенечките гласила, е осомничен дека во телевизиска емисија обелоденил тајни документи од затворен состанок на парламентарните партии за решавање на спорот со Хрватска.

Полицијата засега не објавува кои документи се спорни, на Јанша ја обвини министерката за внатрешни работи Катарина Кресал дека му се одмаздува.

Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша во 1988 година беше уапсен и осуден од тогашниот воен суд, поради поседување тајни воени документи, но беше рехабилитиран по политичките промени во Словенија и распаѓањето на СФРЈ.

 

{loadposition content9}