Skip to main content

13 203 петарди одзеде полицијата од продавница во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(47) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. 

 |   | 
Полиција

При претрес во негова продавница во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 13.203 различни видови петарди – информираат од СВР Охрид.