Skip to main content

Еден од најактивните вулкани на светот повторно еруптира

Вулканот Килауа, еден од најактивните на светот, повторно исфрла лава, но засега само од главниот кратер и не е закана за населението, соопштија американските власти.

 |   | 

Вулканот Килауа, еден од најактивните на светот, повторно исфрла лава, но засега само од главниот кратер и не е закана за населението, соопштија американските власти.

Вулканот исфрла лава до висина на петкатница – објави на Twitter Американскиот геофизички завод.

Редовните ерупции на вулканот Килауа привлекуваат туристи уште од 50-тите години на минатиот век. Управата на националниот парк веќе почна да ги мобилизира вработените во очекување на зголемен број гости.

Ерупцијата засега не е закана, но ситуацијата внимателно се следи бидејќи почетокот на ерупцијата е динамичен и неизвесен.

Килауа е еден од петте вулкани на Хаваи, најголем остров во пацифичкиот архипелаг. Во 2018 година во ерупција беа уништени стотина куќи.

Ерупцијата на вулканот погледнете ја тука