Пензионирани патолози шират неосновани тврдења дека вакцините против ковид-19 содржат чипови
На таканаречената „Патолошка конференција“, се шират неосновани тврдења за вакцинацијата против ковид-19. Професионалните здруженија за патологија се дистанцираат од изјавите и наводите на пензионираните патолози и ги отфрлаат како „научно неосновани“. Некои од наодите се погрешно протолкувани, а нејасно е од каде потекнуваат органите чијашто обдукција наводно била направена и истата била презентирана. Нема цврсти докази дека во вакцините биле пронајдени метални предмети како чипови.
На таканаречената „Патолошка конференција“, се шират неосновани тврдења за вакцинацијата против ковид-19. Професионалните здруженија за патологија се дистанцираат од изјавите и наводите на пензионираните патолози и ги отфрлаат како „научно неосновани“. Некои од наодите се погрешно протолкувани, а нејасно е од каде потекнуваат органите чијашто обдукција наводно била направена и истата била презентирана. Нема цврсти докази дека во вакцините биле пронајдени метални предмети како чипови.
Пост на Фејсбук шири дезинформации дека со вакцините против ковид-19 се вградува чип кај луѓето. Постот се повикува на тврдења на германски патолози кои правеле обдукција на починати лица вакцинирани со „Фајзер“, а во нивните тела нашле „сомнителни и непознати објекти со чудна структура, кои потсетувале на чипови и СИМ картички“.
Наводите на германските патолози биле изнесени на конференција која се одржала на 20 септември на Институтот за патологија во Ројтлинген, на која, меѓу другите, присуствувале и патолозите проф. д -р Арне Буркхарт и проф. д-р Валтер Ланг, адвокат и полноправен член на Истражниот комитет за коронавирусот и австриска истражувачка група за вакцини против ковид-19. Притоа, објавено е и видео од конференцијата.
Во видео снимката, двајца пензионирани патолози тврдат дека анализата на десет обдукции покажува дека испитаните лица починале како резултат на примена вакцина против ковид-19.
Вакцините против ковид-19 содржеа „непријавени компоненти што содржат метал“, посочиле пензионираните патолози Арне Буркхарт Валтер Ланг.
На конференцијата се вели дека Арне Буркхарт бил на чело на Патолошкиот институт во Ројтлинген 18 години, а Валтер Ланг раководел со приватен институт за патологија во Хановер, кој го основал пред 25 години. И Буркхард и Ланг се членови на здружението „Лекари и научници за здравје, слобода и демократија“ (MWGFD), кое организирало контакти за сомнителни сертификати за маски.
Буркхарт и Ланг се членови на Германското друштво за патологија (ДГП), потврдил за Коректив генералниот секретар на друштвото, Јорг Мас.
Буркхарт имаше позиција таму до 2019 година. И Буркхарт и Ланг моментално немаат функција, изјавил Мас.
Тврдењата се отфрлени како научно неосновани
Изјавите и наводите на Буркхарт и Ланг се отфрлени од професионални здруженија и специјализирани колеги како изјави кои „не се научно основани“.
Професионалните здруженија се дистанцираат од изјавите и ја доведуваат во прашање нивната научна природа. Некои од прикажаните резултати се толкувани погрешно, а методите на истражување се нејасни. Исто така, нема докази за контаминација на вакцините против ковид-19 што се користат во Германија со метални супстанции, наведува Коректив.орг.
Федералното здружение на германски патолози (БДП) и германското друштво за патологија (ДГП) во изјава за Коректив.орг изјавите и податоците на патолозите Буркхарт и Ланг дека луѓето на кои им направиле обдукција починале од вакцини кои содржеле метали, ги опишале како научно неосновани.
Тимот на „Германскиот регистар за аутопсија на ковид-19“ (DeRegCOVID), кој бил формиран за време на пандемијата во Универзитетската болница Ахен за да создаде централен регистар за обдукции на починати од ковид-19, исто така, во изјава за Коректив.орг посочил дека дека податоците презентирани на конференцијата не можат да се користат како би се поврзале смртните случи со вакцините.
Нејасно е од каде се примероците и органите
На прес-конференцијата, Буркхарт ги презентира резултатите од аутопсијата, наводно, извршена врз десет лица кои починале откако биле вакцинирани против ковид-19. Како што ќе стане јасно во текот на презентацијата, луѓето биле на возраст помеѓу 54 и 95 години, а интервалот помеѓу смртта и вакцинацијата била помеѓу 31 ден и шест месеци. Кај две лица, времето на смртта или статусот на вакцинација очигледно не се познати.
Веројатно, сепак, ниту Буркхарт ниту Ланг, не извршиле обдукција на овие луѓе, туку имале примероци и органи испратени од Германија и Австрија. Во своето предавање, Буркхарт објаснува: „Австријците беа тие што дадоа најдобри подготовки и информации“. Една од неговите главни активности била да ги собере податоците. Од каде потекнуваат примероците и органите останува нејасно како и методите за испитување што се користат.
Во својата презентација, Буркхарт покажува слики кои треба да ја докажат неговата теза за туѓи тела во вакцините. Во вакцините се пронајдени „елементи во форма на кутија“, „во облик на конец“ и „работи во форма на игла“, вели тој.
Конрад Штајнестел од болницата Бундесвер во Улм ги коментирал овие снимки на Твитер со зборовите дека тоа е едноставно „нечистотија“, a во еден случај најверојатно се гледа влакно од текстил. Своето тврдење го поткрепил со фотографија од „секоја валкана подготовка“ што самиот ја направил.
Вакцините не содржат чипови
„Вистиномер“ веќе има пишувано дека вакцините против ковид-19 не содржат никакви чипови.
Првиот доказ за тоа е дозата на вакцината. Таа е помала од еден милилитар! Стандардната доза на „Фајзер“ содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто. Ова го потврдиле и проверувачи на факти од Австралија кои се занимавале со ова прашање.
Интерната димензија на иглата е 0.3 милимери. Чипот би морал да е фракција од ова, за да се спречи да се заглави. Мислам дека не е можно, а особено зашто би морало да биде вграден и трансмитер. За микрочипот да може да помине низ оваа игла со која се врши вакцинацијата, би морал да биде помал од десет илјадинки од милиметар, пишуваат проверувачи на факти од Австралија.
Експертите велат дека не постои никаква можност во содржината на вакцината да се вметне технолошки материјал.
Доктор Вилбур Чен, експерт за инфективни болести во Центарот за развој на вакцини и јавно здравје во Универзитетот во Мериленд, за Политифакт изјави дека идеата за една вакцина која содржи РДИФ технологија е апсурдна.
И најмалата верзија на микрочипови е преголема за да може да помине низ иглата на вакцината. Микрочиповите кои обично се употребуваат за лоцирање на домашните миленичиња се со големина на едно зрно ориз. Ниту една од иглите кои се употребуваат за вакцинација нема толкав дијаметар за да овозможи внесување во телото на еден чип, макар и со големина на зрно ориз, вели доктор Вилбур Чен.
Од сето ова можеме да заклучиме дека на таканаречената „Патолошка конференција“, се шират неосновани тврдења за вакцинацијата против ковид-19. Професионалните здруженија за патологија се дистанцираат од изјавите и наводите на пензионираните патолоцзи и ги отфрлаат како „научно неосновани“. Некои од наодите се погрешно протолкувани, а нејасно е од каде потекнуваат органите чијашто обдукција наводно била направена и истата била презентирана. Нема цврсти докази дека во вакцините биле пронајдени метални предмети како чипови. Според тоа, постот што го анализираме можеме да кажеме дека шири лаги и дезинформации за вакцините против ковид-19.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар