Во струшко стабилизирана ковид состојбата
Негде околу 50% имаме вакцинирани од полнолетните граѓани. Моментално вакцинираме само со Фајзер и задоволителна е заинтересираноста. Вакцинација се врши на два пункта во Вевчани и Лабуништа – истакна Стојкоски.
Започна вакцинација и со трета бустер доза на вакцина. Засега интересот е мал, заинтересирани се претежно здравствените работници и повозрасните лица.
Не е голем интересот меѓутоа со оглед на тоа да негде се потребни шест месеци од втора доза, а тоа ќе биде од 15-ти октомври мислиме дека ќе има интерес поготово кај граѓаните постари од 60 години – додава Стојкоски.
Во градот Струга, намален е интересот за вакцинација. Од Здравствениот дом велат имаат доволно вакцини, но слаб е интересот од граѓаните.
Според последните анализи на Министерството за здравство Охрид е во градовите рекордери по вакцинација, додека соседна Струга има помал процент на имунизирани граѓани од околу 40%.
Новинр Соња Рилковска