Две лица од Камерун со милион лажни евра сакале да влезат во Македонија
Полицијата уапси двајца фалсификатори од Камерун кои се обиделе да внесат скоро милион фалсификувани евра на скопскиот аеродром, дознаваме од извори на истрагата.
| | Македонија
Полицијата уапси двајца фалсификатори од Камерун кои се обиделе да внесат скоро милион фалсификувани евра на скопскиот аеродром, дознава Миа од извори на истрагата.
Според нив, фалсификаторите во Скопје допатувале од Милано.
Од МВР го потврдуваат апсењето на фалсификаторите односно дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со Јавното обвинителство, а детална информација најавуваат за утре.
Извор/MИА