Непријатна миризба се шири од ЈП Охридски Комуналец на улицата Асном
„Дворот на Р.Е. Механизација од Ј.П. Охридки Комуналец што се наоѓа на ул. Асном наликува на депонија и се шири непријатна миризба во цел тој дел од градот“, – вели Огнен Шешоски за „Ти си твојот град“.
Огнен Шешоски во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати слика на која се гледа дворот на ЈП Охридски Комуналец на улицата Асном. Тој вели дека целиот простор наликува на депонија, но многу пострашно е тоа што од ова место се ширело доста непријатна миризба. Во продолжение прочитајте го неговиот коментар во целост :
Дворот на Р.Е. Механизација од Ј.П. Охридски Комуналец што се наоѓа на ул. Асном наликува на депонија и се шири непријатна миризба во цел тој дел од градот. Во текот на летните месеци, тука и делумно се префрла собраниот отпад од едни во други камиони и тоа дополнително ја влошува состојбата. Треба да се размисли за долгорочно решение како преместување надвор од градот – вели Шешоски за „Ти си твојот град“.