Сашо Јанкоски за Вевчани ветува просперитетна општина
Сашо Јанкоски кандидатот за градоначалник на Вевчани од редовите на СДСМ ветува просперитетна општина. Досега реализирале бројни проекти во висина од околу 2,5 милони евра. Со развојот на општината не запираат, туку ќе продолжат со инфраструктурни зафати според потребите на жителите.
„Наследивме задолжена општина со блокирана жиро сметка, а за само 4 години општина Вевчани финансиски ја стабилизиравме и реализиравме бројни проекти во висина од околу 2,5 милони евра“, истакна Сашо Јанкоски, кандидатот за градоначалник на Вевчани од редовите на СДСМ.
Имаме развојни проекти кои ќе се реализираат понатака. Во овие 4 години ги согледавме горливите проблеми на вевчанци. Основен проблем е паркингот и сообраќајот. Имаме изработена Физибилити студија која ќе почнеме да ја реализираме веднаш по изборите – вели Јанкоски.
Тој напоменува дека тука нема да сопре инфраструктурниот развој на Вевчани. Продолжуваат со инфраструктурни зафати според потребите на жителите.
Имаме и многу улици на кои не е ништо инвестирано во изминатите 30 години. Имаме обезбедено 540.000 евра од Министерството за транспорт и врски и по изборите почнуваме со реконструкција на сите поголеми улици во Вевчани – кажа Јанкоски.
Сашо Јанкоски, кандидатот за градоначалник на Вевчани од редовите на СДСМ најавува и завршување на паркот пред туристичкиот центар и покрај големите опструкции кои претходно ги имале во советот од нивниот политички опонент.