Кочовски : Гарантираме квалитетна развојна програма за секоја сфера од општественото живеење во Вевчани
Имаме квалитетна развојна програма за секоја сфера на општественото живеење на општината, вели Спасе Кочовски, кандидат за градоначалник на Вевчани од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“. Во програмата се содржани проекти за развој на економијата, туризмот, културата, спортот, образованието, дигитализацијата, инфраструктурата и многу други проекти со кои во иднина ќе има вистински развој на општина Вевчани, напоменува Кочовски.
Нашата програма нуди голем број на проекти и решенија за Вевчани, односно 90 и сите се реални, остварливи и многу значајни за општината. Дел од нив се приоритетни, реконструкција на главните канали за наводнување и подобрување на инфраструктурата за пристап до земјоделското земјиште, како и донесување на нов урбанистички план со цел изградба на нови домови и локален економски развој на општината, вели Спасе Кочовски, кандидат за градоначалник на Вевчани од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“.
Имаме квалитетна развојна програма за секоја сфера на општественото живеење на општината. Почнувајќи од локалниот економски развој на Вевчани, развој на туризмот во Вевчани, образованието, екологија, спорт. Акцент ставаме на младите во Вевчани – истакна Кочовски.
Со цел збогатување на туристичката понуда предвидена е реконструкција на споменик на природата „Вевчански извори“, како и уредување на излетничкото место „Јанков камен’’, најави Кочовски и додаде дека ќе се промовира развој на алтернативен туризам како планинарење и велосипедизам на Јабланица. Со цел враќање на спортскиот дух во Вевчани, Кочовски ветува изградба на повеќенаменско игралиште, развој на клупските спортови и училишниот спорт. Се обврзуваме дека повторно ќе ја отвориме спортската сала, вели Кочовски и упати критика до актуелната власт.
Можете даја погледнете програмата што ја ветија пред 4 години, ништо не е реализирано од тоа што е ветено. И тоа што го наследија, што можеа да го дореализираат затоа што од предходната власт беа обезбедени финансиски средства, не успеаа до крај да ги завршат проектите – кажа Кочовски.
Кочовски најави и дека граѓаните електронски ќе можат да пријават комунален проблем и додаде дека ќе работат на креирање средина во која граѓаните ќе бидат активно вкучени во процесот на донесување одлуки.