Проблеми со фингерпринт уредите во Охрид и Струга
На самиот старт на изборниот процес, проблеми со фингерпринт уредите.
| | Охрид
На самиот старт на изборниот процес, проблеми со фингерпринт уредите.
Во Охрид и Струга утрово точно навреме се отворија сите избирачки места. И во двете општини регистрирани се проблеми со фингерпринт уредите.

Имаме ИТ поддршка, се обидуваме да ги надминеме проблемите – вели Антигона Сионов, претседател на ОИК Охрид.
За првпат, токму на овие локални избори, идентитетот на гласачите се утврдува со фингерпринт уреди.