Приодот на ОУ „Св. Климент Охридски“ со ѓубре
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики на кои се гледа рафрлано ѓубре во околината на ОУ „Св. Климент Охридски“.
Наша сограѓанка во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати слики од приодот и околината на едно од најубавите основни училишта во Охрид, Св. Климент Охридски. Но, за жал она што можеме да го видиме на овие се слики е расфрлано ѓубре од несовесни лица.
Природата се обидува да ни го разубави секој период од годината, но ние како да се трудиме да и докажеме дека ѓубрето и отпадоците ни се омилено опкружување. За жал, од најмалите почнува. Ова се фотографии од приодот на Основното училиште „Св. Климент Охридски“ – вели нашата сограѓанка за рубриката „Ти си твојот град“.