Со стари фотографии лажно се тврди дека вакцините против ковид-19 предизвикале генетски мутации кај бебиња
Фотографиите на кои се прикажани бебиња родени со генетски аномалии се стари е се појавиле многу години пред појавата на коронавирусот и вакцините против него. Оттука, тврдењето дека бебиња се родиле со опшака, со 4 нозе и 3 раце и со коса по целото тело бидејќи нивните родители биле вакцинирани против ковид-19, се неточни.
Фотографиите на кои се прикажани бебиња родени со генетски аномалии се стари е се појавиле многу години пред појавата на коронавирусот и вакцините против него. Оттука, тврдењето дека бебиња се родиле со опшака, со 4 нозе и 3 раце и со коса по целото тело бидејќи нивните родители биле вакцинирани против ковид-19, се неточни.
Во пост на Фејсбук е прикажано видео во кое се тврди дека вакцините против ковид-19 предизвикале мутации кај новородени бебиња. Нашата проверка покажа дека ова не е точно.
Постот се повикува на тврдењето на Фатих Ербакан, лидер на Велфар партијата од Турција. Тој заедно со други лекари излегол на прес-конференција, на која покажал фотографии од бебе со опашка, бебе со влакна по целото тело, бебе со 4 нозе и 3 раце, како и бебе со едно око, тврдејќи дека сето тоа го предизвикала вакцината против ковид-19 која, наводно, „не е вакцина, туку генетски модификатор“.
Проверката на „Вистиномер“ покажа дека фотографиите од бебињата родени со аномалии со кои Ербакан мавтал пред камерите, се стари повеќе години и датираат од пред појавата на пандемијата со коронавирус, а со тоа и многу пред појавата на вакцините против ковид. За потсетување, Светската здравствена организација прогласи пандемија од коронавирусот во март 2020 година, а Турција почна со масовна вакцинација против ковид-19 во јануари 2021 година.
Да одиме по ред. Првата фотографија на која се гледа бебе родено со опашка во интернет просторот се појавила уште во јуни 2014 година. Истата фотографија се појавува и во 2015 година во напис кој прикажува фотографии од луѓе родени со вистинска опашка.
Фотографијата од бебе родено со 4 нозе и три раце е од 23 септември 2019 година. Како што објави тогаш „Њујорк пост“, жена во Индија родила девојче со четири нозе и три раце, што, според лекарите, е првиот случај на спојување на две тројки природно родени.
Машкото дете е нормално, но женското е случај на споени близнаци, изјавил д -р Рохитеш Меена.
За случајот со бебето од Индија пишувал и британски „Мирор“.
Фотографијата од бебето покриено целото со влакна, се појавува во „Дејли мејл“ на 2 ноември 2013 година. Според Дејли мејл, девојчето родено со коса по целото тело го наследило фамилијарниот синдромот на Врколак.
Тврдењата дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат генетски модификации не се точни. Теоријата на заговор дека вакцините против ковид-19 ја менуваат човечката РНК се стари и дебанкирани од повеќе светски сајтови за проверка на фактите, а истите ги има дебанкирано и „Вистиномер“. Ниту една вакцина против ковид не е генетска терапија, бидејќи научно е потврдено дека вакцината не е во контакт со човечката ДНК, која е носител на генетскиот материјал.
Во објаснувањето на американскот Центар за превенција и контрола на болестите (ЦДЦ) пишува дека новите мРНК вакцини, ги учат нашите клетки како да направат протеин, што предизвикува имунолошки одговор во нашите тела.
Тој имунолошки одговор, кој произведува антитела, е она што нè штити од заразување ако вистинскиот вирус влезе во нашите тела. мРНК никогаш не влегува во јадрото на клетката, каде што се чува нашата ДНК (генетскииот материјал). Се работи за вакцина која до дел од генетски состав РНК или RNA, пренесува „порака“ преку „гласник“(на англиски messenger) и оттука кратенката mRNA.
Како што веќе пишуваше „Вистиномер“ генот се состои од ДНК и служи како базична физичка и функционална наследна единица. мРНК, пак, е различен од ДНК! РНК значи рибонуклеидна киселина. ДНК е дезоксирибонуклеинска киселина и служи како библиотека за инструкции за производство на протеини. Кога клетката сака да продуцира протеин, ја користи ДНК за да продуцира копија од мРНК. ДНК е во јадрото на клетките. Рибозомите не се. Поради тоа, мРНК од ковид вакцината нема да влезе во јадрото на клетката, туку едноставно ќе оди во рибозомите кои ќе го продуцираат спајк протеинот.
За разлика од вакцините, генетската терапија се дава преку вметнување на ген во клетката, со цел да замени мутиран ген, кој предизвикува патогени промени во организмот.
Занчи, вакцините против ковид-19 не предизвикуваат генетски модификации кај луѓето. Фотографиите на кои се прикажани бебиња родени со генетски аномалии се стари е се појавиле многу години пред појавата на коронавирусот и вакцините против него. Оттука, тврдењето дека бебиња се родиле со опшака, со 4 нозе и 3 раце и со коса по целото тело бидејќи нивните родители биле вакцинирани против ковид-19, се неточни.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар