50,82 отсто излезност во Охрид до 17 часот
Во Охрид до 17 часот своето гласачко право го оствариле 26 644 граѓани, односно 50,82 отсто, според последните информации на Државната изборна комисија.
| | Охрид
Во Охрид до 17 часот своето гласачко право го оствариле 26 644 граѓани, односно 50,82 отсто, според последните информации на Државната изборна комисија.

Струга – 22 680 или 36,94 %
Вевчани – 1 568 или 75,60 %
Дебрца – 2 380 или 54,74 %
Инаку, излезноста во вториот круг до 17 часот е за речиси 2 отсто повисока од првиот круг на локалните избори. Како што соопшти ДИК, според 83,29 отсто од обработените податоци одѕивот до 17 часот на ниво на држава е 42,85 проценти. Во првиот изборен круг, во истиот временски интервал таа изнесуваше 40, 98 отсто.