Програма
Мистерии на дотраените куќи- 1 дел
„Кој е злосторникот?“, гледачите ќе уживаат во првиот дел од мини серијата, Мистерии на дотраените куќи: Местенки за убиство.
За сите љубители на добрите криминални приказни и филмови од жанрот „Кој е злосторникот?“, викендов ќе уживаат во првиот дел од мини серијата, Мистерии на дотраените куќи: Местенки за убиство.
Шенон Хамер е сопственичка на градежна компанија и истовремено експерт за реставрација на стари куќи од Викторијанската ера. За време на реновирање на една од тие недвижнини, Шенон, ќе најде докази за таинственото минато на една куќа и истовремено ќе предизвика лавина од немили настани.
Премиерно, оваа сабота на ТВМ Телевизија, Мистерии на дотраените куќи: Местенки за убиство.