Skip to main content
Портал ТВМ
  • Home
  • Сепаратор
  • Вести
    • Охрид
    • Струга
    • Македонија
    • Свет
    • Лажни Вести
    • Проверка на факти
    • Заедницата има многу лица
  • Сепаратор
  • Видео
    • Дневник изданија
    • Прашалник
    • Печат
    • Министерство за комедија
  • Сепаратор
  • ТТГ
  • Сепаратор
Портал ТВМ
  • Вести
    • Охрид
    • Струга
    • Македонија
    • Свет
    • Лажни Вести
    • Проверка на факти
    • Заедницата има многу лица
  • Видео
    • Дневник изданија
    • Прашалник
    • Печат
    • Министерство за комедија
  • ТТГ
  • Archive
  • Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • При крај се преговорите за чартер лет Охрид-Москва

При крај се преговорите за чартер лет Охрид-Москва

Туристичкиот сектор оптимистички ја планира 2022 година. Се најавуваат чартер летови од Русија, Турција, Полска, Велика Британија. Од Агенцијата за туризам велат идната година во земјава се очекуваат 2,5 милиони ноќевања.
Ное 2, 2021  |   |  Охрид
 
 
Охрид канео

Привршуваат преговорите за воспоставување на чартер лет Охрид Москва. За идната сезона се очекува авио поврзување и со Измир, Истанбул и Анкара. Најавени се двојно повеќе чартер летови од холандските тур оператори во текот на летниот период, воедно и летови од Полска и Велика Британија.

Туристичкото стопанство во светски рамки се надева за крај на пандемијата и враќање во нормала. Според нивните прогнози идната сезона ќе биде многу подобра од изминативе две години.

Мислам дека идната 2022 година ќе има приближно 2,5 ,милиони ноќевања во земјава. 2021 година очекуваме да се достигне стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со отприлика 2,2 до 2,3 милиони нокевања. Некаде блиску до бројките од 2015 година – вели Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за туризам.

Во однос на финансиската поддршка на туристичкиот сектор, од Агенцијата за туризам велат потребна е опсежна анализа.

Со коморите и со туристичките работници со асоцијациите и здруженијата да се излезе со дополнителни мерки, доколку одлучи владата да им се даде дополнителна помош на туристичкиот сектор. Всушност ако ги гледаме крајните бројки тие и нема да изгледаат толку лошо, но сепак во одредени делови во туризмот да се интервенира пред се ако говориме за хотелските и другите останати сместувачки капацитети – вели Јаневски.

Од 1500 тестирани холандски туристи кои ја посетија летово Македнија, ниту еден не бил позитивен на ковид вирусот при враќањето дома. Тоа е голем показател дека земјава е безбедна дестинација каде се применуваат сите мерки за заштита, информираат од Агенцијата. 

Изминатата сезона беше многу кратка, но со голем пик, заклучно со месец август забележани се 1,8 милиони ноќевања.

 

Новинар : Соња Рилковска 

 

 
Back to Homepage

Latest Охрид

Ј.П. ,,Охридски Комуналец” на терен: Се уредуваат патишта, тротоари и зелени појаси низ Охрид

Хуманитарен концерт за поддршка на социјално загрозените семејства на матуранти

Поскапуваат услугите од јавните претпријатија во Охрид, за власта економски оправдано и неопходно, опозицијата критикува за антисоцијални мерки

Засилени контроли во туризмот,  можност за воведување туристичка полиција

Улицата „Аџи Мустафа“ доби нов лик

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

Вести

Охрид
Струга
Македонија
Свет
Лажни Вести
Проверка на факти
Заедницата има многу лица

Спорт & Сцена

Спорт
Сцена & Муабети

Останати Вести

Програма
Ти Си Твојот Град

Линкови

Каде е ТВМ?

Tags

Пештани
In the News
Video
Pestani
Gallery
Review

© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.

Terms & Conditions | Privacy Policy | Impressum | Sitemap

Back to Top