Skip to main content

Потпишани договори за два проекти на НП „Галичица“

Вчера во просториите на Јавната установа Национален парк Галичица беа склучени договори со кои се одобрија проектните предлози финансирани од страна на Фондот за природа Prespa Ohrid Nature Trust – PONT и Critical Ecosystem Partnership Fund.

 |  Голабовски Крсте  | 

Во текот на следниот период ќе започнат со реализација проектите на невладините организации, Црвен крст Охрид, Explorer MK, Exploring Society “Ursus Speleos”, Истражувачко Друштво “Урсус Спелеос”, и Eco – Logic, а активностите од овие проекти ќе се одвиваат на подрачјето на Националниот парк Галичица.

Се работи за два проекти со наслов “Leave no trace” и “Developing educational resources for cave and bat protection in the National park Galichica”.

Истовремено беше потпишан и амандман помеѓу ПОНТ и Jавната установа НП Галичица за 2021 година за дополнителен грант за покривање на оперативните трошоци на установата.