Skip to main content

Заострени анти-ковид мерките во Словенија

Во Словенија денеска стапија во сила новите мерки против коронавирусот, кои дел од епидемиолози ги оценија недоволни за спречување на ширењето на епидемијата. Земјата сè уште бележи висок удел на позитивни тестови за ковид-19, односно позитивни се од 43 проценти од тестираните.

 |   | 

Во Словенија денеска стапија во сила новите мерки против коронавирусот, кои дел од епидемиолози ги оценија недоволни за спречување на ширењето на епидемијата. Земјата сè уште бележи висок удел на позитивни тестови за ковид-19, односно позитивни се од 43 проценти од тестираните.

1.282 случаи на коронавирус, со 12 смртни случаи се потврдени во последните 24 часа.

Владата не се определи за затворање туку за мерки кои вклучуваат строга контрола на потврдите за ковид, заедно со документ за идентификација, како и ограничување на работното време за баровите, забрана за дискотеки и ноќни клубови, забрана за собирање надвор од кругот на семејството, пренесува Хина. И покрај тоа, некои сметаат дека нема да биде доволно за да се стабилизира состојбата и да се спречи преоптовареност на здравствениот систем поради навалата врз болниците.

Бројот на хоспитализирани лица сè уште расте во земјата, па во болниците во моментов има 843 пациенти, од кои 186 се на одделенијата за интензивна нега. Интересот за вакцинација во последните денови расте, но најмногу кај постарите лица кои доаѓаат по третата доза. Вакцинирани се над 53 отсто од жителите на Словенија.

Поради алармантното зголемување на бројот на пациенти со ковид-19 и ограничениот капацитет на болниците, Министерството за здравство за денеска свика состанок со раководството на болницата и ја зајакна координацијата за да се обезбеди прераспоредување на потребниот здравствен персонал. Министерот за здравство Јанез Поклукар најави и можност за вклучување на студентите по медицина и учениците од средните медицински училишта во активностите за кадровско зајакнување на преоптоварените болници.