Skip to main content

Кривична пријава за кичевчанец поради уништување изборен материјал

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.К.(64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „уништување на изборен материјал”.

 |   | 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.К.(64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „уништување на изборен материјал”.

Тој, на 31.10.2021 година околу 07.45 часот, на избирачко место лоцирано на улицата „4 Јули” во Кичево, откако претходно го остварил своето гласачко право за избор на градоначалник на општина Кичево, на член на избирачкиот одбор му рекол дека направил грешка и побарал ново гласачко ливче. По добиениот одговор дека тоа е невозможно, пријавениот го искинал гласачкото ливче и го напуштил гласачкото место – информираат од СВР Охрид.