Физичка пресметка меѓу Стружани и Кичевчани, пронајдено и оружје
На 08.11.2021 во 22,15 часот, полициски службеници од ОВР Струга од слобода ги лишија З.З.(50), С.З.(24), Е.И.(30) и Е.П.(26), сите од Кичево, затоа што околу 21.45 часот на улицата ,,Пролетерски Бригади” во Струга, физички ги нападнале Б.М.(31) и Р.М.(55), двајцата од Струга.

При преземање мерки, полициските службеници кај Е.П. пронашле и одзеле пиштол „ЦЗ-85 Лугер” калибар 9 мм и една рамка со 12 куршуми. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.