Skip to main content

Три лица загинаа во пожар во ковид одделение во Бугарија

Три лица загинаа во пожар во ковид-одделение во болница во Сливен, Бугарија. Сигналот за пожар на ковид-одделението бил примен во 02:39 часот. Целото одделение на болницата во градот Сливен горело.

 |   | 

Три лица загинаа во пожар во ковид-одделение во болница во Сливен, Бугарија. Сигналот за пожар на ковид-одделението бил примен во 02:39 часот. Целото одделение на болницата во градот Сливен горело.

Во болницата се испратени две противпожарни екипи.

За време на гаснењето на пожарот биле пронајдени две лица кои починале на самото место. Третиот пациент со амбулантно возило бил пренесен во Медицинскиот центар во Сливен со повеќе изгореници, а оттаму во специјализираната клиника за изгореници во Пловдив, но малку подоцна и тој починал.