Skip to main content

Убиени 68 затвореници во Еквадор

Најмалку 68 затвореници се убиени во нови брутални судири во затвор во Еквадор. Немирите во затворот Литорал во градот Гвајакил наводно започнале во петокот вечерта, а полициските тактички единици кои влегле во затворските згради пронашле оружје, експлозиви и сечила, јавува Би-Би-Си.

 |   | 

Само оваа година во еквадорските затвори загинаа повеќе од 300 луѓе.

Повеќе од 100 затвореници беа убиени во борбите на ривалските банди минатиот септември, велат официјалните лица, пренесе Би-Би-Си.