За локалните власти градот завршува кај Лескајца?!
„Дискриминација. За локалните власти градот завршува кај Лескајца. Сите други населби после Лескајца се дескриминирани“, вели нашиот сограѓанин Миле Кипариз, за рубриката „Ти си твојот град“.
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува Регионалната ТВМ Телевизија, денес слики ни испрати нашиот сограѓанин Миле Кипариз кој вели дека во Охрид има дискриминација, односно според него локалните власти ги дискриминираат населбите кои се наоѓаат после Лескајца. Ова е неговиот коментар:
Дискриминација. За локалните власти градот завршува кај Лескајца. Сите други населби после Лескајца се дескриминирани – вели Миле Кипариз.