Skip to main content

Работилница за првата на старите лица во Струга

Во рамките на одбележувањето на „Недела на грижа на стари лица“, во склоп на годишната програма на Црвен крст на РМ, Општинската организација на Струга, под мотото „Сите сме нивни деца“ организираше работилница – средба со активистите на Црвен крст за дваесеттина пензионери членови на ЗП Струга, предводени од претседателот Милорад Трпоски, секретарот Изеир Мустафаи, потпретседателот Зија Аслани и Комисијата за здравство при Здружението.

 |   | 

Работилницата е насловена „Правата на старите лица во РМ“. За оваа тема беа ангажирани : социјален работник од Центарот за социјални грижи-Струга, Весна Лазареска-Прентоска и д-р Васко Дулески. На работилницата се обрати секретарот на Црвен крст – Струга Адхуриме Даути, која ја раководеше истата, ги поздрави присутните пензионери, а воедно ја најави и темата. Работилницата се одржа согласно препораките и мерките за заштита и превенција од корона вирусот Ковид-19.
Инаку, оваа тема, како и здравствената заштита предизвика голем интерес. Беа поставени низа прашања од страна на претседателот Трпоски и пензионерот Делче Илиески, за кои се добија соодветни –стручни одговори од докторот Дулески и социјалниот работник Лазареска.
Исто така беше истакнато дека волонтерите вршат бесплатна услуга за набавка и достава на храна, средства за хигиена, лекови и други потребни продукти на постарите, осамените и изнемоштените лица со цел да се даде придонес во намалување на ранливоста на постарите граѓани и поддршка на населението во одговор на предизвиците на КОВИД-19.
Целта за одбележување на неделата на грижа на стари лица е да се подигне јавната свест за потребите од зголемена интеграција на сите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потреба за обезбедување на грижа и помош на стари лица.
Поддршка во одбележување на неделата е обезбедена од страна УНФПА преку Црвен крст на Македонија.
На крајот од работилницата, секретарката на Општинскиот Црвен крст-Струга, ги информира пензионерите кои имаат потреба од ваква услуга, да се обратат на телефонскиот број кој е достапен 24 часа.