Skip to main content

Не плаќајте за паркинг простор ако не добиетe фискална сметка

На ова предупредуваат од пазарниот инспекторат од Струга, бидејќи во градот има многу нелегални паркинг места.

 |  Билјана Колоска  | 
parking
паркинг

На ова предупредуваат од пазарниот инспекторат од Струга, бидејќи во градот има многу нелегални паркинг места. Паркинзите во Струга им отворија многу работа на пазарните инспектори. Во градов има многу такви места каде се наплаќа за паркирање а не регистирани за вршење таква дејност, односно не поседуваат соодветна документација. Пазарните инспектори извршија акција и констатираа оти повеќе паркинг местата кои воглавно се во центарот на градот, работат бесправно.

Nikolovska Nadica„Во градов тоа се местата кај „Машка плажа“, потегот пред „Пливалиште„ како и просторот пред училиштето „Браќа Миладиновци“. Против лицата кои си земаат за право тука да наплаќаат за паркинг е покрене прекршочна прилава“-вели Надица Николоска, началник на пазарен инспекторат во Струга.

ТВМ заедно со директорката на Центарот за Култура „Браќа Миладиновци“ го актуелириза пашањето за узурпираниот простор пред установата, а се користи како паркинг плац. И тоа место е нелегално узурпирано, вели Николоска. Секое приватно лице кои сака да врши таква дејност треба да има регистрирано подружница и задолжително да издава фискална сметка, потенцира началникот. Во спротивно, граѓаните можат да ги пријават случаите каде нема да се применуваат овие правила, додава Николоска.

Пазарните инспектори постојано вршат контроли и на другите паркиркинзи, информира началникот. Вели оти кај легалните паркинг простори досега е констатирано дека ангажираните лица задолжително издаваат фискална сметка.