Бебе почина од корона во Србија
Веста која ја потресе не само Србија, туку и целиот регион е премногу рано згаснатиот живот на двомесечно бебе. Причина за неговата смрт е опасниот коронавирус.
| | Свет
Веста која ја потресе не само Србија, туку и целиот регион е премногу рано згаснатиот живот на двомесечно бебе. Причина за неговата смрт е опасниот коронавирус.
Бебето починало на Детската клиника во Белград.
За жал, првото бебе кое го примивме кога имаше само десет дена, почина минатата недела по речиси шест недели борба за неговиот живот на клиниката, изјавила лекарката Снежана Рсовац.
Таа додаде дека моментално, на клиниката биле сместени уште две бебиња, но нивната состојба засега е добра.