Почина примариус д-р Стојан Ковачески основач на Заводот за нефрологија во Струга.
На 80-годишна возраст почина примариус д-р Стојан Ковачески од Струга. Во негова чест денес се одржа комеморација на која присуствуваа неговите најблиски членови на семејството, колеги и пријатели.
Денеска се одржа комеморација во чест на примариус д-р Ковачески. Во присуство на најблиските членови од семејството, колегите, пријателите беа искажани прекрасни зборови, убави спомени од секојдневието за Ковачески како човек и професионалец во својата дејност.
Градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко изрази сочувство до семејството и роднините. Примариус д-р Стојан Ковачески почина на 80-годишна возраст. Роден 1941 година во Струга, Дипломира на Медицински факултет, специјалист по интерна медицина. Работел како лекар специјалист, основач и директор на Заводот за нефрологија во Струга. Беше пратеник во Собранието на Република Македонија во три мандати од 1990 до 1994 година, од 1994 до 1998 година и од 1998 до 2002 година.