Skip to main content

Саниран мостот на Вевчанска река

Саниран мостот на кејот на Вевчанска река, информираат од општина Вевчани. Мостот веќе подолго време беше во лоша состојба и истиот беше небезбеден за минувачите.

 |   | 

Саниран мостот на кејот на Вевчанска река, информираат од општина Вевчани. Мостот веќе подолго време беше во лоша состојба и истиот беше небезбеден за минувачите.

За “6” шајки и неколку дрвени даски овој мост повеќе од една година претставуваше сериозна опасност за минувачите по истиот. Овој мост го користат многу граѓани кои рекреирааат по кејот, но го користат и нашите деца кои одат по кејот до детската градинка и основното училиште. Безбедноста на нашите сограѓани е најважна! А наша обврска и должност е да се грижиме за неа и постојано да ја подобруваме, информира градоначалникот Спасе Кочоски.