Стабилна состојбата со ковид во струшко
Ковид состојбата во струшко е стабилна. Во модуларната блница има само 5 хоспитализирани пациенти од кои еден е на кислородна поддршка. Во пресрет на новите предлог мерки, кои предвидуваат задолжителна вакцинација на здравствените работници во струшката болница над 95 % од персоналот е вакциниран.
Состојбата со корона вирусот во струшко е стабилна. Во модуларната болница има само 5 хоспитализирани пациенти позитивни на Ковид. Најстариот има 84 години, а најмладиот болнички пациент е на возраст од 66 години. Само еден од нив е во потешка состојба на кислородна поддршка.
Откако се намали бројот на заболени, изминатиов месец интерното и хируршкото одделение во болницата се вратија во нормала и работат со редовните пациенти.
Ситуацијата е стабилна и моментално располагаме со сите потребни ресурси од аспект на кадар, опрема и капацитети така што подготвени сме и за друго сценарио кое што може да ни следи – вели Арменд Аслани, директор на болница Струга.
Во пресрет на стапување на сила на новите предлог мерки, кои предвидуваат задолжителна вакцинација на здравствените работници, од менаџментот на струшката болница велат од вкупно 316 вработени, само 12 не примиле вакцина против корона вирусот.
Во нашата установа над 95 % од персоналот е вакциниран, додека останатиот персонал не е вакциниран заради некоја индикација или причина која што нив им е позната, но во секој момент и тие се активни кандидати за вакцинирање кога ќе бидат условите за да ја извршат оваа постапка – додава Арслани.
Во Струга од почетокот на пандемијата до денес од корона вирусот заболеле вкупно 3893 лица, во моментот активни се 60 случаи.
Новинар : Соња Рилковска