ИКС : Видеото со извидникот Петар кој вирално се прошири е со согласност од родителите
Институтот за комуникациски студии (ИКС), ја информира јавноста дека видеото со извидникот Петар Ачкоски е сопственост на Институтот.
Институтот за комуникациски студии (ИКС), ја информира јавноста дека видеото со извидникот Петар Ачкоски е сопственост на Институтот.
ИКС овој викенд снимаше кратки видеа за извидниците и за нивната љубов кон природата, но и како треба да ја заштитиме. Секој малолетник кој е сниман е со дозвола на родителите. Материјалот кој се споделува е работен материјал, кој за жал, вирално се прошири.
Извидникот Петар, како и сите други извидници со кои ги снимавме нивните авантури на изворот на реката Бабуна веќе од денеска ќе може да ги следите на социјалните канали на ИКС – соопштија денес од Институтот за комуникациски студии.
Видеото со Петар погледнете го тука