Skip to main content

Илчо Алексоски избран за претседател на Советот на општина Дебрца

Вчера се одржа продолжението на првата седница на Советот на Општина Дебрца при која за нов претседател се избра Илчо Алексоски од редовите на ВМРО – ДПМНЕ. За него гласаа шест советници, додека четири беа воздржани од вкупно единаесет советници.

 |   | 
Општина Дебрца

Нашата цел е сите советници заедно да работиме и да ги носиме најдобрите одлуки за нашата општина Дебрца, за да по четири години граѓаните ги препознаат нашите заложби и реализирани проекти – посочи Алексоски во своето обраќање по изборот.

Советот на Општина Дебрца брои вкупно единаесет членови од кои по четири имаат ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, еден советник има партијата ЛДП и двајца советници од независните листи.