Вработена во Лидл убиена со нож среде маркет во Сплит
Во хрватскиот град Сплит, маж до смрт избоде продавачка во маркетот Лидл.
Во хрватскиот град Сплит, маж до смрт избоде продавачка во маркетот Лидл.
Вчера околу 15 часот на улицата Пољичка во Сплит, маж влегол во продавницата и со нож ја нападнал и усмртил вработената, пишува Индекс.хр. Жената со тешки повреди е пренесена во болница, каде набргу починала. Вработените во продавницата го фатиле мажот додека не дошла полицијата, а потоа тој е уапсен. Полицијата на местото на нападот го запленила ножот со кој е извршен нападот.
Како што неофицијално дознава Индекс, убиената била партнерка на мажот кој ја избодел. Според Индекс, напаѓачот има 54 години. Сведоците раскажуваат дека имало повеќе убодни рани, а полиците и подот биле полни со крв. На крвавиот напад со нож, според очевидци, му претходела расправија, а насилникот бил совладан од обезбедувањето со помош на неколку млади момчиња кои го фрлиле на подот.