Обележaн паркинг пред школo блокада за влез на возилата за брза интервенција
Изведената симулациска вежба за евакуација за врема на непогоди покажа дека е потребно Локалната самоуправа итно да го корегира овој пропуст. Исто така, има потреба од пристапни школски влезови кои што се попречени од паркирани возила на необележани места.
Влезот во школото „Братство Единство“ на ул. 7-ми ноември е непристапен за возилата на Противпожарна и Брза помош. Обележан паркинг простор на кој се паркираат возила го попречуваат приодот во случај на брзи интервенции, информира Џемал Мехмед, директор на ОУ „Братство Единство“. Директорот бара решавање на овој проблем кој не е нов.
Три паркинг места треба да се избришат за да се отвори вратата. Не е голем проблем, решлив е проблемот но треба плански, документирано тоа да се регулира. Коректно е да биде регулирано, лесно решливо е на терен иако има бирократски дел апелирам да се разреши. Барање имаме поднесено до локалната самоуправа од пред две години, а и претходно и другите директори реагирале на оваа проблематика. Се надеваме на решение – истакна Мехмед.
Со симулациската вежба за евакуција за време на непогоди која се изведува во сите охридски училишта е лоциран проблем и со блокирани школски влезови кои не се означени за паркирање. Паркирани возила ги затвораат приодите до повеќе училишни дворови, информира Сашо Точков, претседател на ОО ЦК.
Имаше евидентирано недисциплинирани возачи кои паркираат пред влезовите на училишата како кај „Григор Прличев“, сега кај школото „Братство Единство“, каде што не е од несовесноста на возачите, но апелирам до Локалната самоуправа да го регулира главниот влез во училиштата за да може да непречено да влезат Протипожарно и Амбулантно возило за да интервенираат – вели Точков.
По завршување на симулациските вежби училиштата ќе направат записници со евидентираните пропусти. Заедно со Црвен крст, СВР, Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување ќе побараат до надлежните институции да се најде соодветно решение за нивно отстранување.