Skip to main content

Прв случај на омикрон во Грција

Грк што дошол од Јужна Африка е првиот потврден случај на сојот омикрон во Грција, соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, првиот случај во земјата е на островот Крит.

 |   | 
Омикрон вирус

Грк што дошол од Јужна Африка е првиот потврден случај на сојот омикрон во Грција, соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, првиот случај во земјата е на островот Крит.

Покрај растечкиот број на заразени лица во повеќето региони на ЕУ и можната опасност од новиот сој на коронавирусот, границите во рамки на Унијата треба да останат отворени за патници кои се вакцинирани, тестирани или свежо прележани. За тоа во Брисел се залага претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен, заедно со еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес. „зелениот корона сертификат на ЕУ беше голем успех и така ќе остане и со делта или омикрон сојот”, изјави Фон Дер Лајен.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека затворањето на границите поради омикрон го нарече форма на апартхејд кон Африка. Според него, Африка нема доволно вакцини за своето население и ги нема потребните финансиски ресурси за закрепнување на економијата.