Напуштена идејата за изградба на регионална депонија во Дебрца
Градоначалниците од Југозападниот и Пелагонискиот плански регион остварија средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, на која се презентираа идните активности кои се однесуваат на воспоставување на систем за управување со отпад за овие региони.

„Најновото предлог техничко решение за регионалната инфраструктура предвидува изградба на една регионална санитарна депонија за двата региони, лоцирана во село Добрашинци, општина Новаци и претоварни станици во Дебар, Охрид, Кичево, Битола и Прилеп, со што и дефинитивно се напушта претходниот регионален концепт и се оди на меѓурегионален концепт за воспоставување на систем за управување со отпад“, информира градоначалникот на Оптина Дебрца“, Зоран Ногачески.
Средствата за воспоставување на овој систем се планира да ги обезбеди државата и тоа со заем од ЕБОР и грант од програмата за Западен Балкан на ЕУ (Western Balkan Investment Framework).
Ногачески им се заблагодари на граѓаните на Дебрца, кои во изминатите 4 години ги поддржуваа активностите аргументирано докажување дека изградбата на депонија во Општина Дебрца беше еколошки неприфатлив предлог и дека локацијата за регионалната постројка за управување со отпад треба да се бара надвор не само од Дебрца, туку и од целото сливно подрачје на Охридското Езеро.
Градоначалникот на Дебрца е задоволен што Министерството за животна средина ги прифати тие аргументи и започнува со воспоставување на нов концепт за меѓурегионално управување со отпад.