Во моментов се преземаат посмртните останки од 45-те македонски граѓани кои трагично загинаа во Бугарија
Двата авиона со посмртните останки од Софија пристигнаа во Скопје. Со авионите се транспортираат посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани во автобуската несреќа во Бугарија. Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија.

На Скопскиот аеродром останките ги пречека висока државна делегација, а на плоштадот „Скендербег“ во Скопје веќе се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во несреќата.
Поворката со останките која требаше да помине низ главниот град е откажана на барање на семејствата на загинатите, кои инсистирале да си ги подигнат останките од аеродромот.