Стружанец со нож нападнал вработен во спортска обложувалница
ОВР Струга поднесе кривична пијава против С.Р.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница” и „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија”.

Тој на 27.09.2021 година и покрај забраната за движење и задолжителна изолација по издадено решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, се упатил во спортска обложувалница во Струга и со остар предмет физички го нападнал вработениот во објектот – информираат од СВР Охрид.