Фејсбук објава шири дезинформација дека од вакцините се умира
Во нашата држава се аплицирани 1.662.152 дози на вакцини заклучно со 18.11.2021 година. Податоците од Министерството за здравство говорат дека 39 отсто од целата популација во нашата земја има примено вакцина против ковид-19, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина. Па, според конспирациската теорија којашто тврди дека вакцините предизвикуваат смрт на населението, ова би значело дека само во земјава треба да има значителен број на смртни случаи, кои во реалноста ги нема. Во постот се вели „од вакцините се умира и тоа како.“ Не се вели која е таа бројка, но, ако, „и тоа како“ се умира, тоа значи дека се умира многу, значи голем број смртни случаи, кои не би било можно да се прикријат од која било влада или организација.

„Од вакцините се умира“ лажно тврди Фејсбук пост, што е една од многуте антиваксерски објави на социјалните мрежи чија цел е да креираат сомнеж во вакцините и процесот на имунизација, како единствено познато оружје во борбата со пандемијата на ковид-19.
Но, оваа објава оди чекор понатаму во манипулацијата и шири страв дека Владата со тоа што воведе мерка за вакцинација за вработените во јавниот сектор и за здравствените работници или да прават ПЦР тестови на свој трошок, ги наведува граѓаните на самоубиство. Ова е многу опасна манипулација која сосема непотребно крева паника кај јавноста.
Луѓе, гледаме дека од вакцините се умира и тоа како.
Гледаме дека Владата го уценува народот да се боцкаат – сфаќате ли дека со тоа ве/не наведуваат да извршите самоубиство – пишува во постот.
Не е точно дека од вакцините се умира. Вакцините против ковид-19, болеста што ја предизвикува коронавирусот се безбедни и ефективни. Иако вакцините против ковид-19, исто како и кои било други вакцини и лекови, можно е да имаат одредени нуспојави, сепак, тие се премногу ретки. Од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) велат дека ризикот од ковид-19 и неговите компликации е далеку поголем од ризикот од вакцините и нивните несакани ефекти. Познатите ризици од ковид-19 и неговите компликации, како долготрајни здравствени проблеми и смрт, надалеку натежнуваат над потенцијалните ризици да се има ретка несакана реакција од вакцината.
Некои луѓе немаат несакани ефекти. Многу луѓе пријавиле несакани ефекти кои се генерално благи до умерени и исчезнуваат во рок од неколку дена,пишува на веб-страницата на ЦДЦ.
Светската здравствена организација на нивниот веб-сајт има посебен дел со одговори на прашања поврзани со безбедноста и ефикасноста на вакцината, каде, меѓу другото, се вели:
Вакцинацијата е безбедна, а несаканите ефекти од вакцината обично се мали и привремени, како што се болки во раката или лесна треска. Можни се посериозни несакани ефекти, но тие се исклучително ретки.
Секоја лиценцирана вакцина е ригорозно тестирана во повеќе фази на испитувања пред да биде одобрена за употреба и редовно се проверува и откако ќе се воведе. Научниците, исто така, постојано ги следат информациите од повеќе извори за каков било знак дека вакцината може да предизвика здравствени ризици.
Ова го потврдува и д-р Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти. Таа во изјава за „Вистиномер“ вели дека вакцините против ковид-19 не се помалку безбедни од останатите вакцини и дека за да бидат одобрени за употреба мора да ги исполнуваат највисоките стандарди за безбедност и делотворност.
Иако беа развиени во рекордно време, во овој процес, системите за тестирање, проценка на резултатите и одобрување на вакцината не станаа помалку ригорозни. Светската здравствена организација (СЗО) внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за ковид-19. Дополнителен регулатор во процесот на одобрување на безбедноста на вакцината на европско тло е ЕМА (Европската Медицинска Асоцијација), чиј ригорозен систем на одобрување не беше модифициран за вакцините против ковид-19, вели д-р Георгиева.
Во нашата држава се аплицирани 1.662.152 дози на вакцини заклучно со 18.11.2021 година. Податоците од Министерството за здравство говорат дека 39 отсто од целата популација во нашата земја има примено вакцина против ковид-19, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина. Па, според конспирациската теорија којашто тврди дека вакцините предизвикуваат смрт на населението, ова би значело дека само во земјава треба да има значителен број на смртни случаи, кои во реалноста ги нема. Во постот се вели „од вакцините се умира и тоа како.“ Не се вели која е таа бројка, но, ако, „и тоа како“ се умира, тоа значи дека се умира многу, значи голем број смртни случаи, кои не би било можно да се прикријат од која било влада или организација.
Д-р Георгиева вели дека најновите предлог мерки на Комисијата за заразни болести не значат задолжителна вакцинација, односно постои избор помеѓу тестирање и вакцинација.
Ваквите мерки се резултат на огромниот притисок врз здравствениот систем во справување со пандемијата ковид-19 како и финансиите импликации кои ги има истата не само во областа здравство туку и во голем број стопански гранки. Правото на избор за вакцинација не смее да го загрозува правото на живот и здравје на останатите лица во општеството, додава Георгиева.
Бидејќи во постот целосно изостануваат научни докази, детали и објаснувања како се дошло до овие заклучоци, а притоа се изнесуваат сериозни обвинувања кои освен што се невистинити немаат ни логика, можеме да заклучиме дека оваа објава е класична дезинформација.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар