Охрид го слави денот на Св. Климент Охридски
Името на Свети Климент чудотворец Охридски е и името на првиот македонски книжевник, духовник и учител. Освен корекција на македонска азбука, глаголицата, која ја нерекол кирилица, основањето на првиот универзитет во Европа, Св. Климетовиот универзитет, значењето на овој светец за просветата и културата во Македонија е и повеќе од возвишено.
Името на Свети Климент чудотворец Охридски е и името на првиот македонски книжевник, духовник и учител. Освен корекција на македонска азбука, глаголицата, која ја нерекол кирилица, основањето на првиот универзитет во Европа, Св. Климетовиот универзитет, значењето на овој светец за просветата и културата во Македонија е и повеќе од возвишено.
Припадниците на православната вероисповед денес го прославуваат верскиот празник Св. Климент Охридски, кој е и патрон празник на градот Охрид.
Без мисионерската и просветителска дејност на браќата Св Климент и Наум, делото на Светите браќа Кирил и Методиј немаше да ја достигне својата вистинска вредност и експанзија. Дејноста на Св. Климент е поврзана со вистинското христијанизирање на Македонците, како и основањето и организирањето на првата македонска епископија во Охрид и во областа Кутмичевица. Св Климент ја упростил глаголицата, азбуката која ни ја дале Св Кирил и Методиј и ја нарекол кирилица во чест на својот учител Св. Кирил Солунски. Околу 3.500 ученици се школувале на Св Климентовиот универзитетот, првиот универзитет на Европа, кој го основал Св. Климент. Во 893 година бил хиротонисан како прв славјански епископ македонската – величка епархија.
Оваа македонска епископија се смета и за прва организирана црква на Балканскиот полуостров. Св. Климент како ученик и соработник на словенските просветители, Св. Кирил и Методиј се смета за прв славјанско-македонски епископ, кој е проповедник на Христовото евангелие во 9-от и 10-от век. Творец е на проповеди за сите празници и недели во годината. Тој е и првиот книжевник и оригинален творец и писател кај словенските народи , кој вегол не само во историјата, туку и во македонската легенда. Пишувал пофални и поучни слова за Св. Кирил и Методиј.
Многу цркви, институции, училишта и здруженија во чест на светецот го носат неговото име, а меѓу нив најрепрезентативни се Националната и универзитетска библиотека и Соборниот храм во Скопје, Универзитетот во Битола. Неговото име го носи и универзитетот во Софија.Во чест на св. Климент Охридски се доделува и државната награда за особени остварувања во воспитанието, образованието, културата, науката и здравството.