Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди Грција
Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала, го погоди утрово јужниот дел на Грција. Епицентарот на потресот бил меѓу Пелапонез и Крит.
| | Свет
Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала, го погоди утрово јужниот дел на Грција. Епицентарот на потресот бил меѓу Пелапонез и Крит.
Грчкиот институт за геодинамика соопшти дека центарот на потресот бил на длабочина од 58 километри.
Грчките медиуми јавуваат дека земјотресот се почувствувал од Атина до Крит. Нема информации за повредени и за материјална штета.