Детска Евровизија
Македонија на 9-то место, Ерменија победи на Јуниор Евросонг
Македонските претставници на јуниорскиот „Евросонг“, што вечерва се одржа во Париз, го освоија 9-то место. Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ се претставија со песната „Green Forces“ со која испратија порака за поткревање на свеста за заштита на животната средина.
Македонските претставници на јуниорскиот „Евросонг“, што вечерва се одржа во Париз, го освоија 9-то место.Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ се претставија со песната „Green Forces“ со која испратија порака за поткревање на свеста за заштита на животната средина. Песната „Green Forces“ на нашите претставници доби 114 поени.Дванаесет поени ни додели Албанија, а 12 поени од македонското жири заминаа кај Русија.Песната на Малена „Qami Qami“ со вкупно 224 поени, заврши на првото место.Настапот може да го погледнете на следниот линк