Skip to main content

Урбани заедници

Пасивни охридските урбани заедници

Се крои општинскиот буџет, а нема организирана граѓанска форма за да се изнесат комуналните проблеми. Пасивноста се должи на недоверба кон политичарите.
 |  Валентина Неловска  | 
Зграда општина Охрид
Поголем број охридски урбани заедници се без месни одбори. Граѓаните се пасивни кога станува збор за организирано учество во месната самоуправа. Во период од годината кога се крои општинскиот буџет според граѓанските потреби во моментов нема организирана форма преку која жителите од УЗ ќе ги пренесуваат приоритетните барања до Локалната самоуправа за да се решат нивните потреби.Ванчо Огненов, од граѓанското здружение „Чекоштина урбан“, поаѓајќи од нивното досегашно искуство ги појаснува причините за пасивноста на граѓаните во урбаните заедници. Напоменува дека со децении бараат од ЛС да ги реши горливите инфраструктурни проблеми на жителите од нивната населба, но без резултат. Граѓаните имаат кренато раце и не очекуваат дека политиката ќе ги реши нивните заеднички проблеми бидејќи не се почитуваат законите, вели Огненов.
Се помалку се вршат работи вокорист на заедницата, се оди преку врски, корупција, пријателство за да се свршат заеднички работи  или работи кои на моменталната власт ќе и донесат работи за да владее подолго и да има лична корист и корист партијата – истакна Огненов.
Во изминативе четири години 13 урбани заедници се без месни одбори. На јавните собири со граѓаните закажани од Локалната самоуправа биле избрани само одбори во 5 урбани заедници, а во останатите нема претставници. Во селата пак, се избрани 22 месни заедници, а 4 села се без месни одбори. Во отсуство на оваа форма на организација на месната самоуправа сепак сме отворени за граѓаните за соработка со Локалната самоуправа, уверува Томе Џамтоски, општинскиот портпарол.
Иницијативата на граѓаните е добредојдена до Локалната самоуправа во било која форма и не значи дека нема да бидат нотирани  одредени забелешки за одредени урбани заедници и населби. Во секој случај ќе се инкорпорирани во програмата за работа, но нема што да сториме кога урбаните заедници не формираат свои тела и претставници – вели Џамтоски.
Од следната година истекуваат мандатите на избраните месни одбори во урбаните и месните заедници. Во месец јануари 2022 ќе се распишат нови јавни собири со граѓаните за да се изберат нови месни одбори.