Во пресрет на јануарскиот преоден рок медиумите во Шпанија објавија дека македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред можен трансфер во Барселона.Чуварот на мрежата на Рајо Ваљекано во првиот дел од сезоната брани во одлична форма и е еден од најзаслужните за четвртото место на табелата.
Димитриевски е најдобриот голман во лигата со највисок процент на одбранети удари кон неговиот гол. Има одлична година зад себе, не само во дресот на Рајо туку и во репрезентацијата на Македонија. Тој сигурно дека би бил резерва на Тер Штеген, но има квалитет и да биде прв избор на голманската позиција – пишуваат медиумите во Шпанија.Димитриевски со Рајо Ваљекано има договор до 2024 година, а се очекува доколку Барселона покаже интерес за него висината на обештетувањето да биде меѓу 15 и 20 милиони евра.Извор/ТелмаФОТО: Игор Паневски