Skip to main content

Казнети 4 возачи во Охрид за непрописно престигнување

На 23.12.2021 година од 06 до 10 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се зајакнати сообраќајни акциски контроли.

 |   | 
Полициски службеници

На 23.12.2021 година од 06 до 10 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се зајакнати сообраќајни акциски контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 12 возачи на моторни возила кои, во населено место управувале автомобил со брзина, поголема од дозволената (Охрид-01, Струга-06, Кичево-03, Дебар-02) и 05 возачи кои надвор од населено место управувале со поголема брзина од пропишаната (Охрид-04, Дебар-01) – информираат од СВР Охрид.

Полициските службеници во Охрид, поднесоа соодветни платни налози кон 4 возачи на моторни возила кои, на коловоз извршиле непрописно престигнување.