Бенефити од Белчишкото Блато како заштитено подрачје и можности за еколошка валоризација”
Неодамна во општина Дебрца се одржа тркалезна маса: “ Бенефити од Белчишкото Блато како заштитено подрачје и можности за еколошка валоризација”.
Неодамна во општина Дебрца се одржа тркалезна маса: “ Бенефити од Белчишкото Блато како заштитено подрачје и можности за еколошка валоризација”.
Тркалезната маса е во рамките на проектот: “ Зачувување на Белчишкото Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители”. Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо економските вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје.
Проектот се имплементира од страна на Здружението “Екотуризам 2016”, а е финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд ( Critical Ecosystem Partnership Fund –CEPF ), кои го препознаа блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата држава.