Барт Сомерс не е белгиски министер за здравство и не учествувал во лажна вакцинација, туку во тестирање пред вакцинација
Првата дезинформација е дека Сомерс е министер за здравство на Белгија. Тој никогаш не бил на таа функција. Видеото, пак, е земено од телевизиска станица, а на него се гледа проба во вакцинален центар, кој уште не бил отворен во моментот на снимањето, меѓутоа се вршело тестирање на процедурата пред да биде навистина отворен за јавноста подоцна.
Првата дезинформација е дека Сомерс е министер за здравство на Белгија. Тој никогаш не бил на таа функција. Видеото, пак, е земено од телевизиска станица, а на него се гледа проба во вакцинален центар, кој уште не бил отворен во моментот на снимањето, меѓутоа се вршело тестирање на процедурата пред да биде навистина отворен за јавноста подоцна.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека белгискиот министер за здравство „лажно се вакцинирал“, а вакцината за другите луѓе е „убиствена“.
Во склоп на постот објавено е видео во кое се гледа дека медицинско лице му аплицира вакцина на Барт Сомерс, меѓутоа откако ја вади иглата од рамото, таа не се гледа.
Првата дезинформација е дека Сомерс е министер за здравство на Белгија. Тој никогаш не бил на таа функција.
Во времето кога е снимано видеото, министер за здравство на Белгија е Френк Ванденбрук.
Видеото, пак, е земено од телевизиска станица, а на него се гледа проба во вакцинален центар, кој уште не бил отворен во моментот на снимањето, меѓутоа се вршело тестирање на процедурата пред да биде навистина отворен за јавноста подоцна. Самиот Сомерс, на Твитер објасни што, всушност, се случило.
Да биде јасно дека за време на оваа проба, не беа администрирани вакцини. Ако се даваа вакцини, ќе викав „ааааа“ погласно, напиша тој.
Снимката била емитувана на вестите во Белгија од телевизијата ВРТ и оттогаш е предмет на теории на заговор. Проверувачите на факти од белгиското списание Кнак, го истражуваа видеото уште во март 2021 година и напишаа:
Во центарот за вакцинација Де Кимпел, се одржа симулација за да се подготви медицинскиот персонал за добро течење на вакциналниот процес и кампањата веднаш откако ќе пристигнат доволен број на вакцини. Станува збор за 50 актери и никој не сугерира дека вистински вакцини, всушност, навистина се администрираат. И министерот за внатрешни работи, Барт Сомерс, учествуваше во вежбата. Исто како и другите учесници и тој не прима вакцина. Така што, не е чудно што нема видлива игла на капачето.
Текстот од белгиските медиуми за денот кога се одвивала оваа симулација, уште постои.
Поради тоа што станувало збор за симулација, односно за вежба пред пристигнувањето на доволни количества вакцини, во настан на кој учествувале 50 лица само за да помогнат медицинскиот кадар да вежба брзина на нив, за подоцна да го спроведува вакциналниот процес брзо и ефикасно, кога вистински вакцините ќе пристигнат во Белгија, оценуваме дека не е точно оти белгискиот министер за здравство не примил вакцина туку лажна вакцина. Сомерс, освен тоа, не е ни белгиски министер за здравство.
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар