Skip to main content

Во приватните апартмани има поголем интерес за сместување за Нова година

Приватното сместување во Охрид за Новогодишните празници исполнето двојно повеќе од хотелските капацитети. Резервациите во апартманите се движат од 60 до 70%. Поради малиот интерес на туристите цените за сместување во приватните апартмани се на ниво на 2019 година, дури и пониски.

 |   | 

За Новогодишните празници поголем интерес за сместување има во приватните апартмани. За разлика од хотелските капацитети каде годинава резервациите се движат од 20 до 30% во приватното сместување во Охрид букингот се движи од 60 до 70 % од капацитетите. Најголем дел од резервациите се од страна на домашни гости, а помалку од регионот и тоа од Србија и Бугарија.

Впрочем и интересот на туристите е значително намален последните две недели со оглед на ситуацијата која се разви поради новиот сој на вирусот. Се надеваме дека се ќе помина во најдобар ред меѓутоа мислам дека празниците нема да ги здоволат очекувањата на стопанствениците – вели Александар Момироски, приватно сместување.

Поради малиот интерес на туристите цените за сместување во приватните апартмани се на ниво на 2019 година, на некои места дури и пониски.

Првично поставените цени беа малку повисоки во однсо на лани, очекувавме дека ќе има доста поголем интерес меѓутоа на крај испадна дека се идентични дури и помали за разлика од лани. Генерално би рекол сите букираат и резервираат многу доцна. Тоа не е и за лутење затоа што со оглед на ситуацијата никој не знае што да очекува, така да никој не сака да ризикува или да резервира претходно, додава Момироски.

Рестриктивните мерки во поголемиот дел на европските земји, воведени поради омикрон се причината за малиот интерес за патување и прослави.



Новинар : Соња Рилковска

Фото/Вила Натали & Вила Флора