Утрово најстудено на Попова Шапка, со снежна покривка од 23 сантиметри
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утрово се измерени – 4 степени на Попова Шапка, -3 е во Маврови Анови и Лазарополе, -2 во Берово, 0 во Крушево, Дебар, 1 во Крива Паланка, 2 во Куманово, Тетово, Струмица и Виница, 3 во Скопје-Петровец, Штип, Битола и Прилеп, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Гевгелија и Демир Капија, како и 6 степени во Дојран.

Снежната покривка во 7 часот е 23 сантиметри на Попова Шапка.
Времето во текот на ноќта и утрово e облачно со слаб до умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието каде што на места се засилувало. Во северозападните делови имало појава на слаб локален дожд.
Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со локален дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 10 степени.