Skip to main content

Распукани ѕидови во објекти во Битола како последица на земјотресот

Распукани внатрешни и надворешни ѕидови – вакви последици има во Битола од земјотресот што вчера го погоди регионот на Лерин, Грција.

 |   | 

Распукани внатрешни и надворешни ѕидови – вакви последици има во Битола од земјотресот што вчера го погоди регионот на Лерин, Грција.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на Фејсбук објави неколку фотографии од објекти во Битола.

Силен земјотрес во Битола – напиша Милевски во опис на фотографиите.

Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот бил во 23.43 часот по локално време (22.43 кај нас) со јачина од 5,5 степени (првично беше 5,8), на 4 километри северноисточно од Лерин, на длабочина од 10 километри и категоризиран со четврти степен.