Skip to main content

Утре во Охрид првпат триатлон трка

Во Охрид утре првпат ќе се одржи триатлон трка, натпреварување што заеднички го организираат Општината Охрид и невладината организација „Алфа и омега“ од Скопје.

 |  Крсте Голабовски  | 
triathlon
триатлон

Во Охрид утре првпат ќе се одржи триатлон трка, натпреварување што заеднички го организираат Општината Охрид и невладината организација „Алфа и омега“ од Скопје.

triatlonЗабавните содржини во Охрид се збогатуваат со уште една новина, а тоа е триатлонот. Натпреварот кој ќе се одржи утре претставува збир од три спортови: трчање, пливање и возење велосипед.

„Општина Охрид секогаш ги поддржува убавите случувања во градот, па тоа не изостана и овојпат“, потенцира градоначалникот Петрески.

Натпреварувањето ќе се одвива во два дела. Еден за професионални натпреварувачи, а другиот за рекреативци.

„Се очекуваат натпреварувачи од соседните земји. Се надеваме дека посетеноста нема да потфрли бидејќи забавата нема да изостане“, најави Брајан Ричардсон од невладината организација„ Алфа и Омега“.

За да протече манифестацијата онака како што треба, од аспект на безбедносни мерки и претпазливост, ќе превземат од организацијата на Црвениот крст на Охрид.

„Патеката по која ќе се одвива трката е предвидено да оди на потегот од Горица 3 до Езерска полиција. На овој дел има голема посетеност и токму поради тоа се даде акцент на овој дел на плажите“, вели Зоран Шикалоски од одделот за сообраќај.

Организаторите на триатлон натпреварот се надеваат дека посетеноста нема да потфрли и воедно најавуваат бројни награди за учесниците.



{loadposition content9}